еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Раководителот на секторот за урбанизам на Маврово Ростуше, фатен со поткуп на рака

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека раководител на Одделението за урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово-Ростуше вчера бил фатен како зема поткуп во угостителски објект во Скопје.

„Полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово-Ростуше.

Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп.

Имено, тој побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати.

Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во објектот во Скопје, откако биле претходно криминалистичко – технички обработени.

Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска дел од горивата со повисоки цени

Редакција

Викендов уште постудено, се очекува снег на планините

Редакција

Нови 196 заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 90

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница