еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

РК Алкалоид испиша историја и се пласира во финалето на Европскиот куп на ЕХФ

Македонскиот ракометен клуб (РК) Алкалоид испиша историја и се пласира во финалето на Европскиот куп на ЕХФ во кое ќе игра со РК АЕК од Атина, Грција.

Избраниците на Кирил Лазаров го преживеаја тешкото гостување во Норвешка и со победа преку пенали против РК Рунар, се изборија за финале.

Натпреварот заврши со конечни 35:32, откако по регуларниот дел беше 34:29.

Херој на мечот беше голманот Иван Галевски, кој одбрани во последните моменти од регуларните 60 минути, со што спречи домаќините да отидат на плус шест гола, што ќе значеше финале за нив.

Тој беше клучен и во пенал-серијата кога излезе поуспешен при три удари на норвешките ракометари.

Најдобар стрелец на мечот беше Дамјан Митев со девет гола, пред Мартин Серафимов со осум.

Ракометарите добија и силна поддршка од стотици Македонци кои беа на трибините во Норвешка.

Фото: Фејсбук/РК Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тритерол петрол“ го доби тендерот на струмички „Комуналец“ за набавка на бензини и дизел вреден 278.000 евра

Редакција

„Дуна“ го доби тендерот на Владата за изнајмување на опрема за симултан превод вреден 59.000 евра

Редакција

(Видео) Мини-хеликоптер на НАСА прв пат леташе на Марс

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница