еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

САД почна преговори со Русија за Украина без ЕУ, Европјаните се „растрчаа“

Администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп ги почна подготовките за преговори со Русија за Украина, без Европската унија.

Во следните денови се планира и средба на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Саудиска Арабија, а во меѓувреме веќе е познат составот на американскиот тим за преговорите, кој ќе го предводи американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ќе се сретне со руските преговарачи најверојано веќе утре, пренесуваат американските медиуми.

На разговорите со руските претставнцици не е поканета и Украина, а Рубио веќе разговарал за мировните преговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Се уште нема информации кој ќе ја претставува Русија на средбите, а Рубио ќе го придружуваат советникот за национална безбедност, Мајк Волц и специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

Денеска пак во Париз, Франција, францускиот претседател Емануел Макрон ќе одржи состанок на европските лидери во врска со Украина и преговорите.

На состанокот ќе учествуваат лидерите на Германија, Обединетото Кралство, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателите на Европскиот совет и Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.

Тридневната Минхенска безбедносна конференција која заврши пред неколку дена јасно ги потенцира разликите меѓу САД и ЕУ по прашањето на Украина, но и го откри антагонизмот меѓу двете администрации и слабостите и неподготвеноста за акција на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сергеј Лавров ќе го предводи рускиот тим за преговорите за Украина со САД, кои почнуваат утре

Фото: Руско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Героски: Се чувствувам небезбеден, жал ми е што Заев влезе во ваков филм

Редакција

Со сопругата имаат 4 стана: Каков имот пријавил пратеникот Лазе Таневски

Редакција

Скопје утре повторно без јавен превоз

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница