еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДСМ му дава поддршка на Мицкоски за итна смена на Гаши

Од опозициската СДСМ денеска поради инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром Скопје во кој е инволовирано и обезбедувањето на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, побараа итна смена на Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за член на обезбедувањето на Гаши, извадил и репетирал пиштол заради косовоската претседателка

Од партијата го повикаа Јавното обвинителство да покрене постапка и го повикаа премиерот Христијан Мицкоски да излезе во јавност и да побара политичка одговорност од Гаши.

„Бараме итно Мицкоски да го смени Гаши од претседател на Собранието за што СДСМ ќе му даде поддршка. Го повикуваме Обвинителството да започне постапка, а Мицкоски да излезе во јавноста и да побара од Гаши политичка одговорност“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе интерпелација за работата на Гаши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марко Андонов нов извршен директор на Раде Кончар-апаратна техника

Редакција

(Галерија) Тајната есенска градина на Women’secret

Редакција

240 се реинфекции, едно лице се заразило по третпат: 1.715 нови случаи на Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница