еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Се испитува како починал професорот Кожухаров, кој е пронајден починат во својот автомобил во Црна Река

Се испитува како починал професорот Сашо Кожухаров (64), од Скопје, декан на Економскиот факултет на Универзитетот Скопје, чие тело беше пронајдено во неговиот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општината Росоман, на 16. декември

Од Основото јавно обвинителство од Кавадарци информираа дека при првичниот преглед на неговото тело (без да го посочат неговиот идентитет) не биле констатирани видливи траги на насилство.

Неговото тело ќе биде дадено на обдукција, а ќе се прават и дополнителни лабораториски анализи.

Од Обвинителството истражуваат и дали испуштањето на вода од браната би можело да биде причина за смртта на професорот.

-Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација.

Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација, велат бод таму.

Фото: Универзитет Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Иван Јорданов, новиот градоначалник на Штип

Редакција

Џафери не чувствува потреба да се извини за навредите и пцовките кон собраниските службеници

Редакција

(Фото) Ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ обедини над 8.000 учесници кои возеа за здрави животни навики

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница