еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се намалуваат цените на бензините и дизелот

Од вечерва на полноќ се намалуваат цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер-98 за 1 денар, а на Еуродизелот (Д-Е V) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со одлуката, цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 79 денари за литар, а на Еуросупер-98, 81 денари за литар.

Дизелот ќе се продава за 73,50 денари за литар.

За половина денар се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и истото ќе се продава за 73 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,012 денари за килограми, а истиот ќе се продава за 46,178 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска се очекува втора рунда преговори меѓу Москва и Киев

Редакција

Грчкиот остров Миконос од денеска без музика и со полициски час

Редакција

Корисниците на парно од ЕЛЕМ Енергетика за недела-две ќе добијат субвенционирани сметки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница