Булеварите „Партизанска“ и „Илинденска“ утре ќе бидат затворени за сообраќај поради генерална проба во врска со 30. Министерски совет на ОБСЕ.
„Поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
За сообраќај ќе бидат затворени булеварот Илинден од крстосница со булевар Свети Климент Охридски до крстосница со улицата Љубљанска кај „Сити мол“, како и булевар 8 Септември од крстосница со улица Скупи до крстосница со булевар Партизански Одреди“, велат од МВР.