еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

Српскиот актер Биковиќ исклучен од снимањето на серијата „Белиот лотус“ – „обвинет“ дека е на руска страна во војната со Украина

Српскиот актер Милош Биковиќ нема да глуми во третата сезона во популарната серија „Белиот лотус“ на Ејч-Би-О, бидејќи продукцијата одлучи да не го ангажира поради бројните реакции дека Биковиќ ја поддржува руската агресија врз Украина.

Оваа одлука на продукцијата следува по острата реакција на украинскиот министер за надворешни работи, кој го праша Ејч-Би-О „дали е во ред да се работи со личност која поддржува геноцид и го прекршува меѓународното право?“

„Одлучивме да се разделиме со Милош Биковиќми и улогата ќе биде изменета,“ соопштија од Ејч-Би-О.

Биковиќ во соопштение до јавноста истакна дека „против него се води целна кампања, која низ надворешни влијанија создава сериозен преседан, фрлајќи сенка на суштината на уметничката слобода.“

„Резултат на таквиот наратив е триумф на бесмислицата и пораз на уметноста,“ се вели меѓудругото во реакцијата на Биковиќ.

Фото: Биковиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е водачот на криминалната група од Грчец, кој не е достапен за органите на прогон

Редакција

Во јули намален вкупниот промет во индустријата

Редакција

Проф. Трајковски: Нема да биде лесно, речиси е сигурно дека во текот на октомври или почетокот на ноември ќе дојде до преполнување на болниците

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница