еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери, се приклучија во гаснењето на пожарот на планината Серта

По наредбата од страна на претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова за ангажирање на Армијата за справување со пожарите во реонот на неготинско, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски нареди ангажирање на потребни капацитети на Армијата, информираат од Министерството за одбрана.

„Стотина припадници на Армијата и два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловниот ВИНГ во раните утрински часови во координација со сите инволвирани субјекти отпочнаа со координиран и насочен ангажман во гаснењето на пожарот во поширокиот реон на неготинско и планината Серта.

Армијата согласно својата мисија и задачи останува максимално подготвена во извршувањето на својата Уставна обврска и задачи од мисијата која вклучува и нејзино ангажирање во помош на граѓаните и институциите при справување со елементарни непогоди секогаш кога било потребно“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Затворен патот Штип-Неготино, поради пожарот на планината Серта

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешно заврши 17. издание на „Лидер Проектот“ на Македонија2025 – врвна бизнис обука за млади лидери и претприемачи

Редакција

Нови 449 случаи на Ковид-19 од 3.859 тестирања

Редакција

Ивона Талевска од Сител заминува во ТВ Алфа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница