Таксист ограбил брачен пар од Австралија. Им побарал 200 денари за еден километар, па сам си земал 1.700 денари.
„На 05.10.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“ и за тоа на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.
Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1.700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото,“ информираа од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.