еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари смета дека „не е оцрнета“ медицинската сестра на Детска клиника, за случајот со ненамерна повреда на бебе

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека не е вистина дека медицинската сестра на Детска клиника е оцрнета, а во врска со случајот со бебето за кое се утврди дека модринките се од тромбоцитопенија, а не дека било намерно повредено.

„Вечерта кога бевме кај бебето реков дека не сакам да предрасудувам и дека треба да ја слушнам и другата страна. Се надевам дека сестрата, кога ќе дојдам по четврти пат на Клиниката, ќе ја најдам, ќе ја сретнам и ќе разговарам и со неа.

Меѓутоа сега имам доволно информации и најверојатно, според тоа што го кажуваат дежурните доктори и болничарката, но и другата сестра што била заедно на дежурство дека не е намерно и јас посакувам и се надевам дека не е така“, рече Таравари денеска во одговор на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медицинската сестра немала намера да го повреди бебето на Детска клиника, утврдила Комисијата

Ќе одговара ли некој што сестрата од Детската клиника неправедно беше нападната и обвинета за наводно претепување на бебе?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

На 14 ноември и претседателски и предвремени парламентарни избори во Бугарија

Редакција

Нема нови тестирани на корона вирусот, на Деве Баир доаѓаат туристи од Јапонија и Сингапур кои ќе бидат прегледани од епидемиолози

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница