еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања е неправедно обвинет, кажа Палевски на денешното рочиште

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеше таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кој одговараше на прашања на обвинителките Жаклина Кратевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска од Основното јавно обвинителство, но не сакаше да одговара на прашања на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, на кој само му рече дека првпат му бил посочен во полициска станица како монструм.

-Ниту ве знам, ниту ве познавам. Ниту, пак, знам некој што ве познава од втора рака, рече Ѓорчевски.

Палевски пак откако не доби одговор на прашањата, повтори дека Ѓорчевски е неправедно обвинет.

Следното рочиште е на 14. април. Тогаш треба да приврши испитувањето на Ѓорчевски со прашања од судијата, а процесот да продолжи со исказ на Палевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања: Ако полицијата го бараше исчезнатото возило на Панче, сега ќе зборувавме само за неговото убиство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ирена Ристиќ и пријателите ги исчистија отпушоците пред полициската станица „Беко“

Редакција

СЗО: Поминавме 60% од патот во битката против Ковид-19, но неочекувани пречки се уште може да се појават

Редакција

Пендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски за состав на нова влада

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница