еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Татко и два сина намерното предизвикале пожар кај Патишка Река

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик, информираат од таму.

-За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Тројцата соизвршители, на 9. август предизвикале пожар на шумско земјиште во државна сопственост, во месноста викана Дупки, во атарот на селото Патишка Река, општина Сопиште.

Со запалива течност – моторно масло и бензин полеале и запалиле нискостеблеста шума и суви треви, предизвикувајќи општа опасност за животот и телото на луѓето и за имот од големи размери, соопшти Обвинителството.

Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец, додаваат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиениот Хабиб Буњаку работел во МЕПСО

Редакција

Сите детали: Се менува Законот за финансиска дисциплина, помал надоместок за доценење

Редакција

Сестрата на Османи се вработила во М-НАВ кога тој беше министер за здравство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница