еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Три нафтени компании се обиделе со лажни фактури да го оштетат буџетот за околу 3 милиони евра

Три нафтени компании се обиделе со лажни фактури да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на данок на личен доход во износ од близу 3 милиони евра, информираа денеска од Управата за јавни приходи (УЈП).

„Станува збор за три даночни обврзници и петмина добавувачи. Нема оштетување на буџетот затоа што даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од 160.117.130 денари и за данок на личен доход од 18.969.998 денари,“ информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Компаниите се обиделе да ги изиграат законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор, служејќи се со фиктивни фактури за милионски суми.

За овие случаи УЈП доставиле писмени пријави со докази до Основното јавно обвинителство и МВР на 15. ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1. декември 2023 година.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 1.250 денари бруто за акција

Редакција

Катастарот ќе изнајми копир апарати од „Стерна“ за 115.000 евра

Редакција

(ВИДЕО) Трет протест против насилството во Белград, најмасовен во Србија во последните години

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница