еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Турската компанија „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во фабрика во ТИРЗ Скопје

Турската компанија „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје, информираa од таму.

Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Бурса, Турција, на директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата Фарук Шахин.

Компанијата ќе почне со реализација на инвестицијата во 2024 година и во следните 10 години е планирано отворање на над 1.000 нови работни места.

-„Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство.

Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како “Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција, велат од ТИРЗ.

Фото: ТИРЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезот на унгарската 4iG во Македонија неизвесен, бидејќи е стратешки партнер со кинеската Хуавеј?

Редакција

Македонските возачки дозволи ќе бидат признаени во Обединетите Арапски Емирати, можно укинување и на визите

Редакција

Шестиот пакет мерки тежи 17,8 милиони евра, насочен е кон 12 категории на дејности

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница