еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Турција е подготвена да ѝ помогне на Европа со извоз на гас

Турција е подготвена да ѝ помогне на Европа со извоз на гас, откако Украина го затвори вентилот за руски гас за европските земји.

Ова го најави турскиот министер за енергетика, Алпарслан Бајрактар, кој изјави дека Турција би извезувала до 10 милијарди кубни метри природен гас годишно преку Балканскиот гасовод.

„Можеме значително да придонесеме за енергетската безбедност на Европа. Но, потребна е јасна политичка посветеност и дополнителни инвестиции во инфраструктурата за да се овозможи испорака на до 10 милијарди кубни метри гас годишно кон Централна и Источна Европа преку Балканскиот гасовод,“ изјави Бајрактар во интервју за јапонскиот економски магазин „Никеи“.

Украина го прекина извозот на руски гас кон Европа на 1. јануари, откако заврши договорот помеѓу руски „Гаспром“ и украински „Нафтогас“.

Најпогодени од оваа одлука се Австрија, Словачка и Молдавија, додека другите европски земји се подготвуваа за ова сценарио, откако започна војната помеѓу Украина и Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина го затвори вентилот за руски гас во Европа

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Кавадарци останува на врвот по бројот на заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Детали за шестиот МакеКоПроДокс форум на 15. „МакеДокс“

Редакција

Новизбраните уставни судии Бозаџиева и Скендер денеска почнаа со работа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница