еМагазин
Image default
Бизнис

Т Бизнис конференција – за нови дигитални перспективи: Клаудификација, сајбер безбедност и ИКТ решенија во фокусот

Македонски Телеком организираше еднодневна бизнис конференција, за повеќе од 300 посетители, со цел да мотивира помасовно користење на дигиталните решенија, но и да презентира иновации за иднината, информираат од таму.

Сајбер безбедноста, клаудификацијата на бизнисите, хибридните дата центри и решенијата за паметен град беа во фокусот на конференцијата. Експерти од Македонски Телеком и од Дојче Телеком ја споделија својата експертиза и отворија дискусија на овие теми.

„Дигиталната трансформација е процес од кој зависи нашата иднина. Веруваме дека дигиталните решенија се одговор на предизвиците на модерното време и тука сме да го помогнеме дигиталниот раст на бизнисите, институциите и целото општество“, изјави Марјан Богатиновски, главен директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

Дел од решенијата коишто беа презентирани, како што се хибриден дата центар, безбедносен оперативен центар, решенија за паметен град и дигитална канцеларија се дел од портфолиото на Македонски Телеком и го поттикнуваат развојот на бизнисите и институциите.

Освен постојните, се презентираше и ново оригинално решение за управување со електрична енергија, коешто е креирано и произведено од Македонски Телеком. Се најави и развој на иновативно решение за телемедицина, коешто ќе направи целосен пресврт во медицината во наредните години.

Повеќе на следниот линк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тритерол петрол“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на масло за горење вреден 86.000 евра

Редакција

Антони Пешев избран за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Макпетрол ги намали цените на природен гас и метан за декември

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница