еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украдени 40 милиони евра: Голем корупциски скандал за набавка на оружје во Украина

Во Украина е откриен голем корупциски скандал при набавка на оружје од страна на војската во вредност од околу 40 милиони долари, соопшти Украинската безбедносна служба (СБУ), пренесуваат светските агенции.

Пет високо рангирани лица во украинското Министерството за одбрана и од страната на добавувачот на оружје се под истрага.

Како што информираа од СБУ, претставниците на одбраната потпишале договор за 100.000 минофрлачки гранати во август 2022 година, плаќањето било извршено однапред, некои средства биле префрлени во странство, но оружјето никогаш не било испорачано.

Истрагата ги разоткрила претставниците на Министерството за одбрана и менаџерите на добавувачот на оружје, Лавов Арсенал, „кои украле речиси 1,5 милијарди гривни при купувањето гранати“.

Според истрагата, во измамата биле вмешани поранешни и сегашни високи функционери на Министерството за одбрана и раководители на поврзани компании.

Од СБУ информираа дека и покрај договорот за гранати што е договорен шест месеци откако Русија ја започна својата инвазија на Украина, ниту една артилериска граната не била испратена.

Еден од осомничените е уапсен додека се обидувал да ја напушти Украина и моментално е во притвор.

Главниот обвинител на Украина соопшти дека украдените средства се конфискувани и ќе бидат вратени во буџетот за одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради поткуп од 2,7 милиони долари приведен претседателот на Врховниот суд на Украина

Голем корупциски скандал во украинското Министерство за одбрана, храна купувана по цени неколкупати повисоки од редовните

Фото: Руско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Миликијe Халими, која не е повеќе директорка на „Аеродроми„

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 20 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.099

Редакција

Најголем број заболени со голема кашлица се деца на возраст под 1 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница