еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР со вонредно предупредување: Следува период на нестабилно време со честа појава на врнежи и грмежи

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.

Утре наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Од УХМР препорачуваат дека во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) „Жртви“ на руските комичари освен Заев биле и Макрон, Ердоган, Столтенберг…

Редакција

По барање на Обвинителството замрзнати трите луксузни стана во „Панорама“, кои наводно се чувале за Груевски

Редакција

Две фирми за игри на среќа може да останат без дозвола за работа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница