еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонскиот модел Татјана Тати Јанушева во трета кампања за светскиот бренд Tally Weijl

Македонскиот интернационален модел Татјана Тати Јанушева веќе три години работи во најголемите модни центри и со најдобрите светски брендови. Неодамна Јанушева, трет пат по ред беше ангажирана да работи кампања за брендот Tally Weijl.

„На Јанушева светската кариера и ја води една од најдобрите менаџери и букери Јелена Ивановиќ од Белград во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.

Досега има работено на значајни модни кампањи за Miss Sixty, Stradivarius, Champion, Kiko Milano како и за престижните модни магазини Elle, Pump, Vanity Fair и многу други.

На светската модна сцена ја застапува агенцијата Next models, која пак има седишта во сите позначајни модни центри како Милано, Париз, Лондон, Мајами и Њуjорк.

Во моментов нашиот модел работи во Лондон на неколку исклучително значајни проекти,“ велат од Моделс ИН Менаџмент Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пародија на протоколот за свадби: Свекрвата задолжително да биде на дистанца од снаата 100 метри

Редакција

Црвен Крст собра околу 874.000 евра, парите на семејствата ќе бидат префрлени откако ќе завршат формалностите

Редакција

Што открија Викиликс и Асанж: ЦИА прислушува преку телевизори и „паметни“ мобилни телефони

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница