еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Опожарена канцеларија на советник на ДУИ во Куманово

Синоќа во Куманово е опожарена канцеларија на советникот во Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи, кадар на опозициската ДУИ.

Информацијата на Фејсбук ја сподели самиот Јакупи.

„Ве известувам дека денеска во раните утрински часови околу 3.05 часот од црна рака на непознати лица мојата приватна канцеларија во Куманово беше опожарена“, напиша Јакупи.

Тој повика на брза реакција од надлежните органи.

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека се собираат доказни материјали за инцидентот.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово пак информираа дека синоќа во Куманово се опожарени три автомобили, еден деловен објект – фотокопирница и фасада од куќа.

Речиси сите инциденти биле во исто време, околу 3 часот наутро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опожарено возилото на јавниот обвинител Џелал Бајрами од Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 76 случаи на заразени од корона вирусот од кои 52 во Скопје

Редакција

Вкупно 268: Починаа уште тројца пациенти заразени со корона вирусот

Редакција

Втор ден без починати од Ковид-19, се намалува и бројот на хоспитализирани во тетовската болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница