еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Синот на Мицкоски, Јован стана полнолетен

Синот на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Јован стана полнолетен.

Информацијата на Фејсбук ја сподели Мицкоски кој му го честиташе 18. роденден.

-Секогаш сопственото дете во очите на својот родител е малото и наивно дете, но 18 години се доволно за да човек сфати дека годините си минуваат, а јас колку и да се трудам сепак заедничките моменти се прекратки за да бидат доволни.

Синко среќна 18ка, ти посакувам сам да се бориш низ животот и со знаење и труд да ги отвораш сите врати, да носиш правилни одлуки и никогаш да не се разочаруваш од неуспехот, тоа да ти биде мотив за борба и нов успех.

Среќно полнолетство Јован, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Фото: Мицкоски/Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој е сопственикот на луксузниот авион на скопскиот аеродром

Редакција

(Галерија) „Златен септември“, месец за поддршка на децата со малигни заболувања: Годишно во земјава се откриваат 35-40 нови случаи

Редакција

Пошта со кампања „Заедно да ја обновиме традицијата на испраќање новогодишни честитки“: Намалена цената на пратките

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница