еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Сиљановска Давкова во Швајцарија имаше средба со потпретседателката на САД, Харис

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, од вчера е во Швајцарија на Мировен самит за Украина, кој се одржува во Биргеншток, планинско одморалиште во близина на Луцерн.

Таму како што информираа од нејзиниот Кабинет, синоќа имала кратка средба и со потпретседателката на САД, Камала Харис, на која и се заблагодарила за континуираната поддршка на земјава.

Сиљановска Давкова денеска ќе има и свое обраќање на Самитот, а вчера имаше средба и со претседателот на Полска, Анджеј Дуда, на која биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, за состојбите во регионот и за глобалните безбедносни предизвици, велат од нејзиниот Кабинет.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР склучи договор со „Еуровиа“ од Желино вреден 1,8 милион евра

Редакција

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД

Редакција

Бившите министри Бесими и Бектеши цела година на апанажа, Лога девет месеци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница