еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Споменик за загинатите од несреќата кај Темпи во Солун, утре нови протести

Железничката несреќа кај Темпи во Грција во која загинаа 57 лица, останува топ тема во Грција.

За утре кога во грчкиот Парламент ќе се расправа за формирање предистражна комисија за евентуална кривична одговорност на актуелниот заменик-министер за цивилна заштита и климатски промени, Христос Триандопулос, кој кога се случи несреќата беше министер брз ресор, низ земјата ќе има нови протести, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Утре се очекува грчката опозициска партија ПАСОК да достави и барање за гласање недоверба на Владата, коe ќе биде неуспешнo, бидејќи владејачката Нова демократија има 156 пратеници, од вкупно 300, а за да биде успешна интерпелацијата се потребни гласови на 151 пратеник.

Протестите во петокот на двегодишнината од несреќата беа едни од најмасовните во историјата на Грција.

Во Солун, каде требаше да стигне патничкиот воз кој удри во товарниот и во Атина, од каде што тргна, деновиве беа откриени споменици за загинатите, претежни млади, а голем дел жители на Солун.

Спомениците се дрвја, а во Солун од истото се паднати 57 лист, на кои се напишани нивните имиња и нивната возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО Цел Солун на улица: еМагазин на историски најмасовниот протест, во чест на жртвите од железничката несреќа кај Темпи

(Видео) Масовни протести во Атина, Солун, Патра… на двегодишната од железничката несреќа кај Темпи

(Видео) Улична „војна“ на протестот во Атина на двегодишнината од несреќа кај Темпи, настрада и зградата на Грчки железници

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Инстаграм кралот на марихуаната Биг Мајк се сретна со Заев, Филипче и Богдановиќ

Редакција

И Словенија ќе ја признае Палестина

Редакција

ССМ најави генерален штрајк за 22 јуни, доколку дотогаш не бидат исполнети нивните барања

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница