еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Француската десничарка Марин ле Пен осудена за проневера на европски пари

Француската политичарка и претседателка на Национален собир, Марин ле Пен, заедно со осум пратеници од нејзината партија се прогласени за виновни за проневера на пари од европски фондови.

Тие беа обвинети дека пренасочиле повеќе од три милиони евра од средствата на Европскиот парламент за да ги платат ангажираните асистенти кои работеле во партијата во периодот од 2004 до 2016 година.

Таа доби четиригодишна затворска казна, од кои две се условни и петгодишна забрана за вршење јавна функција, што значи дека нема да и биде дозволено да се кандидира за претседателка на државата на изборите во 2027 година.

Фото: Принтскрин-видео

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Туристички комплекс „Бела вода“: Не е на швајцарски Алпи, во Македонија е

Редакција

Сите детали: Како да се пријавите за субвенции до 18.000 денари за вградување на плин во возилата

Редакција

„Роби“ ги „шие“ „А1 Македонија“ и „Македонски Телеком“ во бројот на претплатници на пакет од две услуги

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница