еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на квадрат била од 1,2 до 299 евра: Државното градежно земјиште се продава по ниски цени

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ открива дека oпштините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште, а истото се продава по ниски цени.

Истражувањето покажува дека општините ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште само во Службен весник, но, ниту една од мониторираните општини не преземала други активности за информирање на граѓаните, односно донесените одлуки за продажба на земјиште и склучените договори со купувачите не ги објавуваат ниту на своите веб-страници.

-Нетранспарентноста оди дотаму што дел од општините не ги доставија склучените договори ниту преку барање за пристап до информации од јавен карактер. На овој начин се оневозможува информираност на граѓаните и се зголемува ризикот од злоупотреби, велат од ЦГК.

Според истражувањето цената за 1 метар квадратен државно земјиште во изминатите пет години се движела од 71 до 18.400 денари (од 1,2 до 299 евра).

Просечно, во постапките за продажба на државно градежно земјиште учествувале по 4 потенцијални купувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО Самитот во Вашингтон е законско, велат од Антикорупциска

Редакција

Угостителските услуги пораснале за 13,3%

Редакција

Раст на прометот и трансакциите на Македонската берза во февруари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница