еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

АА на Таравари излегува од Владата, ќе има мини реконструкција?

Крилото на Алијанса за Албанците (АА) предводено од министерот за здравство Арбен Тарвари, по одлуката да настапи самостојно на престојните локални избори, излегува и од Владата, што и се очекуваше.

Ваква одлука крилото донесе вчера, а топ тема во јавноста следните денови ќе биде кој ќе биде нов министер за здравство, но и кој ќе ги земе другите владини позиции на крилото.

Лидерот на Беса, Биљал Касами, дел од коалицијата „Вреди“, која е во процес да стане партија, во интервју за 360 степени најави дека може да се очекува и мини реконструкција на Владата и не ја исклучува можноста да има рокади во министерствата со ВМРО-ДПМНЕ.

Тој исто така рече дека во следните денови ќе се знае и дали сите пет пратеници на Таравари ќе останат со него или ќе му се придружат на “Вреди“. Тој тврди и дека ќе има “прелети“ и на други пратеници од опозицијата.

За нов министер за здравство веќе се шпекулира со името на актуелната министерка за образование и наука, Весна Јаневска, која денеска изјави дека за тоа ќе одлучува премиерот Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ пак вечерва има седница на Извршниот комитет, по која се очекува да биде појасно во кој правец ќе се движат работите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоковиќ по шести пат го освои Вимблдон и стигна до неговата 20 грен-слем титула: Кога бев мал, го изработував овој трофеј

Редакција

(Фото) Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

Редакција

Општина Аеродром склучи договор со фабрика Карпош, вреден 1,9 милион евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница