еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активни само пожарите во Македонски Брод и Студеничани, седум се под контрола

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека од 46 пожари на отворен простор регистрирани вчера, изгаснати се 37, два се уште се активни, а седум се под контрола.

Активни се пожарите во општините Макдонски Брод и Студеничани. Во Македонски Брод, како што соопшти ЦУК, пожарот е во селата Тажево и Брезница и во Јасен и гори борова шума, а во Студеничани пожарот е во село Батинци кај место викано Дрешница и гори мешана шума.

Под контрола се во Македонски Брод – с.Слатина (нискостеблеста вегетација); Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, активен е кај с.Брежани, Охрид, додека под контрола е на Демир Хисар (ниска вегетација, нискостеблеста шума и букова шума); Општина Петровец – с.Градманци – Дивље (ниска вегетација); Општина Дебар – над селата Горно Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци (нискостеблеста шума, трње и ниска вегетација); Општина Охрид: Галичица (нискостеблеста вегетација); Општина Пласница – с.Пласница (изгаснат) – с.Латово (чади, деградирана шума) и Општина Делчево – Депонија Делчево (ѓубриште).

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снег и на Попова Шапка и Пониква

Редакција

(Фото) Версиус – малиот робот кој оперира со минимален пристап беше презентиран во „Жан Митрев“

Редакција

Конечно убава вест од Кина: Повеќе од 130 лица излекувани од коронавирус

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница