еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja: Пред 50 години започна со работа култниот компјутерски центар на компанијата

Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series, информираат од компанијата

„Тие се мали по своите физички димензии, но релативно големи по обемот на меморијата и можностите за решавање на поставената проблематика, користејќи ги сите предности на технологијата на интегрирани кола“, ќе објасни во написот за весникот на „Алкалоид“ основачот и тогашен директор на т.н. Компјутерски центар на компанијата, Трајче Мукаетов.

Овие мини компјутери, кои тежеле 186, односно 227 килограми, ги чувале податоците на магнетни дискови со 40 патеки и со капацитет од 1280 збора (64 бита од збор). Како периферни единици се користеле читачот и дупчалката на книжната лента (punch card), коjа денес стои меѓу експонатите во Музејот на „Алкалоид“.

Некогашниот Компјутерски центар, како култен институционален облик, претставува крвоток на сите деловни операции на „Алкалоид“ АД Скопје во земјава и надвор.

На симболичното одбележување на петдеценискиот јубилеј, сегашните вработени во Центарот за информатичка технологија и телекомуникации „Трајче Мукаетов“ ги поканија пензионираните извршители кои биле дел од овој сегмент од неговото основање, оддавајќи им почит за заложбите.

Во јули 2007 година „Алкалоид“ беше меѓу првите македонски компании кои самостојно го воведоа системот САП/ЕРП.

Имплементирани и во фаза на имплементација се најразлични системи и напредни алатки за анализа на податоци, меѓу кои: DMS (Document Management System), BMS (Building Management System), CRM (Customer Relationship Management), CDS (Chromatography Data Systems), LIMS (Laboratory Information Management System), MES (Manufacturing Execution System), DAS (Document Approval System).

Во делот на дигитализацијата во фокусот останува постојаното вложување во технологии кои овозможуваат зголемена ефикасност, побрзо донесување одлуки и поголема прецизност во секој аспект од работењето.

Овој холистички пристап спрема дигитализацијата ја прави компанијата пофлексибилна и поспособна да одговори на динамичните потреби на глобалниот пазар, создавајќи основа за долгорочен раст и за зголемено ниво на конкурентност, велат од таму

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како работела Стопанска банка Битола, чии акции сака да ги купи Комерцијална, во првото полугодие

Редакција

(Фото) Јанкулоска: Нема потреба од спектакли и опсада на зградата во која живеам, ако некој ме бара дома сум

Редакција

Заев и Рашковски во образложението зошто црногорски бизнисмен е ставен на црната листа на САД

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница