еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Американската амбасада во Белград со безбедносно предупредување до своите граѓани за утрешниот протест во Белград

За утре е најавен масовен протест во Белград, а на истиот повикаа студентите, кои протестираат од ноември лани поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица, меѓу кои и македонскиот научник Васко Саздовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Саздовски кој загина во Нови Сад, како врвен научник работел и на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Поради истиот американската Амбасада во Белград до своите граѓани издаде безбедносно предупредување, пренесуваат српските медиуми.

На истиот се проценува дека ќе се соберат стотици илјади лица, па ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири.

„Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади.

Протестите би можеле да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во областите во близина на државните институции и седиштето на јавниот сервис на РТС“, стои во известувањето, во кое се додава дека српската полиција очекува голема гужва, сообраќаен метеж, затворање на јавните служби и сериозни последици за основните услуги, вклучително и итна медицинска помош, како и можни прекини во мобилната телефонија, додека владата предупредува дека е можно насилство,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Студентите во Србија со римејк на сцена од филмот „Кој тоа таму пее“ повикаа на протест во Белград

(Видео) Големи протести низ Србија по повикот на студентите за генерален штрајк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои се за уставни измени, тврди Османи

Редакција

Чезакомерц купи нови акции на Македонијатурист

Редакција

(Фото) Во Штип откриен споменик на Свети Кирил и Методиј

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница