еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Балансерот за вработување по етничка линија ќе се укинува во фази

Балансерот за вработување по етничка линија ќе се укинува во фази.

Во првата фаза ќе се почитуваат законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе се оди кон целосно укинување на балансерот ,при што целосно ќе се почитува Уставот за соодветна и правична застапеност на етничките заедници, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

„Бројките во дигиталната алатката балансер од денеска веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година. Тоа значи дека лицата попишани во држави во странство, на пример во Италија, Швајцарија, или Германија, нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во Македонија“, рече тој.

Нагласи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование.

“Стручноста ќе биде пред изборот на етничка припадност“, рече тој.

Опозициските ДУИ и крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците реагираа дека со укинување на балансерот се врши „напад на еден од главните столбови на Охридскиот договор“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Драган Миновски, директорот на ЕЛЕМ, која стана топ тема поради вработувањата на лица блиски до функционери

Редакција

Убава вест: Оздравени седуммина болни од Ковид-19

Редакција

38 илјади лица над 70 години изразиле интерес да се вакцинираат против Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница