еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Бебето било со тешка респираторна инфекција, велат од Министерство за здравство кои ќе формираат комисија за испитување на причините за смртта

Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции.

Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација.

„Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта.

ДСЗИ, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано: на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести, каде денес во утринските часови било хоспитализирано и починало.

Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита.

Министерството за здравство во врска со овој случај ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи. Министерство за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за оваа загуба,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бебе почина на Детска клиника, таткото кршел инвентар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет починале во април: Од Ковид-19 починаа 18 лица, најмладиот на 41-годишна возраст

Редакција

Убава вест: Оздравени 632 пациенти од Ковид-19, најмногу во Скопје 169

Редакција

(Галерија) ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледа и што ќе нуди комплексот Аурора Козјак инспириран од Аурора ресорт и спа во Берово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница