еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините и дизелот од денеска поскапи за два денари

Од денеска цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизелот БС (Д-Е V) е повисока за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

За 1,50 денари се зголемува и цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), а на мазутот за 0,375 денари.

Според новата одлука на РКЕ, бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 73,50 денари за литар, бензинот Еуросупер БС-98 за 75,50 денари за литар, дизелот за 66 денари за литар, маслото за горење за 65,50 денари за литар, а мазутот за 37,155 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер за пожарот во Нотр-Дам: „Везе за Нотр-Дам, а нема еден твит за македонските цркви и манастири“

Редакција

Детален преглед: Македонските граѓани трошат милиони на наркотици

Редакција

Земјотресот во Турција би можел да биде најсилен во историјата на земјата, оценуваат сеизмолозите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница