Беран Алији (19) по потекло од Гостивар е првоосомничениот за планирање тетористички напад на концерт на американската пејачка Тејлор Свифт во Виена, Австрија, објави порталот 360 степени, кој информацијата ја потврдил од повеќе извори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алији е роден во Австрија и има австриско државјанство.
Тој беше уапсен вчера во неговиот дом во Терниц, Долна Австрија.
Уапсени се и двајца малолетници, едниот на 17-годишна возраст, а другиот на 15-годишна возраст.
Според последните информации од австриските власти, тој планирал терористичкиот напад да го изведе со експлозив и со ладно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ