Собраниската Комисија за избори и именувања денеска одобри барања за апанажа за уште тројца поранешни министри.
Бившите министри за финансии и економија, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, ќе земаат апанажа во висина на платата која земале цела година, а бившиот министер за правда, Кренар Лога, девет месеци.
Тие цела година ќе земаат по околу 2.000 евра.
Претходно апанажа беше одобрена и за поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, екс министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и бившиот министер за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами.
Апанажа добија и 36 поранешни пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе земаат апанажа
Уште седум пратеници добија апанажа, засега 36
Кои пратеници ќе земаат апанажа