еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Босанскиот издавач Buybook ја објави „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска.

Босанскиот издавач Buybook ја објави „Господ, па Америка“ од Румена Бужаровска.

Во понеделник, на 19. август, со почеток од 20 ч., во дворот на босанскиот издавач, „Господ, па Америка“ ќе биде промовирана заедно со „Каде исчезнаа рибите“, нова стихозбирка од Тугомир Матиќ. Промотори ќе бидат Матеј Вребац и Шејла Џиндо.

Преводот од англиски на босански јазик е дело на Сенада Кресо, а книгата е дел од едицијата уредена од Семездин Мехмединовиќ.

Самиот уредник на едицијата, за книгата кажа: „Напишана духовито и жестоко, оваа американа им припаѓа на најдобрите од својот вид, во духот на есеите на Џоан Дидион, но во својот опис на културните и политичките аномалии на денешната Америка, Бужаровска го задржува отрезнувачкиот и непоткупливиот поглед на набљудување отстрана, оној македонскиот или балканскиот, ослободен од сите илузии на денешниот свет“.

„Господ, па Америка“ оригинално е напишана од авторката на англиски јазик, од коешто издание е направен и овој превод. Есеите постапно беа објавувани на српски јазик на „Велике приче“, а во јули од ТРИ изјавија дека есеите се здобија со второ издание на македонски јазик.

Овој превод е уште еден доказ за тоа зошто Румена Бужаровска е една од најпреведуваните домашни авторки, а за светот претставува уште една можност нејзиното писмо да стигне до што е можно повеќе читатели.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е незамисливо тешко

Редакција

Поради прекин на струјата, скопјани останаа и без парно чие што снабдување ќе се стабилизира вечерва

Редакција

(Галерија) Скопски Аеродром блесна во новогодишен сјај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница