Бројот на жртвите во домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска, се зголеми на шест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен бранител во дом за стари во Хрватска уби најмалку пет лица
Пет лица починале веднаш, а уште едно лице починало во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Ранети се уште шест лица.
Жртвите се пет штитеници на домот и една вработена.
Убиствата ги изврши поранешен бранител, кој беше уапсен од полицијата и е роднина на еден од убиените штитеници на домот.
Хрватските медиуми неофицијално јавија дека една од убиените е неговата мајка, која во последните десет години живеела во домот.
Дарувар се наоѓа околу 130 километри источно од главниот град Загреб.