еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Вабтек МЗТ со загуба во првите три месеци

Вабтек МЗТ АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил оперативни приходи во износ од 677.521 илјади денари, кои бележат намалување од 2% во однос на истиот пресметковен период од минатата година, информираа од таму преку Македонската берза.

-Во структурата на оперативните приходи приходите од продажба на домашен пазар бележат намалување од 97% во споредба со истиот период од минатата година, додека приходите од продажба на странскиот пазар бележат намалување од 1% во споредба со истиот период од минатата.

Останатите оперативни приходи бележат намалување во споредба со истиот период од мината година.

Вкупните оперативни расходи во пресметковниот период јануари-март од деловната 2025 година изнесуваат 632.153 илјади денари и бележат намалување за 1% во однос на истиот период од минатата година

Финансиските расходи во пресметковниот период од деловната година се поголеми од финансиските приходи од деловната година во износ од 23.090 илјади денари, што од своја страна го намалува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото и Друштвото оствари загуба од редовно работење на износ од 31.986 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вабтек МЗТ во минус во третиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грците ги лажат дека Заев е Албанец и дека ќе се смени името на хотелот „Македонија палас“

Редакција

Унгарскиот парламент го одби предлогот да се гласа за членството на Шведска во НАТО

Редакција

Обвинение за три лица, меѓу кои и двајца главни инспектори во МВР, кои одаваа службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница