еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Продолжи традиционалната активност со која Клиника Жан Митрев додели уште 80 ваучери за бесплатни педијатриски прегледи за семејствата кои имаат новороденче во Општина Центар, информираат од Клиниката.

Доделувањето ваучери за бесплатен преглед е дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар.

Бесплатниот преглед опфаќа целосен преглед на новороденчето од специјалист педијатар во Клиника Жан Митрев и советување на родителите за понатамошна нега.

Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да одберат термин кој најмногу им одговара и да закажат преглед за своето бебе.

Бројот за закажување прегледи е 02/3091-484.

Целта за овие бесплатни прегледи е намерата на Клиника Жан Митрев да придонесе за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шилегов најави ново јавно претпријатие за улични кучиња, „Вардариште“ ќе стане минато

Редакција

Comodita Home донираше душеци на Детска клиника Козле: Почнува хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“ во вредност од над 100.000 евра

Редакција

Фондацијата САСА со нови донации во образованието, културата и здравството

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница