еМагазин
Image default
Забава

Велигденска магија за најмладите во Дајмонд мол

Специјални велигденски декорации, празнична атмосфера и интересни содржини за најмладите ги очекуваат посетителите на Дајмонд мол во периодот од 18 до 22. април, информираат од таму.

Во рамки на содржините кои го симболизираат велигденското празнување, на 18. април од 17.30 до 19.30 часот и на 19 април од 12.30 до 14.30 часот, ќе бидат организирани детски работилници за цртање на велигденски мотиви и креативно украсување на детските лица. Во истиот овој период, најмладите ќе имаат можност и да се запознаат и фотографираат со велигденското зајаче.

Покрај овие активности, посетителите ќе можат да создадат спомени и да се фотографираат во велигденскиот амбиент, секој ден од 12.00 до 20.00 часот, до 22. април. Незаборавните моменти во форма на фотографии ќе бидат достапни на профилите на Дајмонд мол на социјалните мрежи.

Велигденската програма на Дајмонд мол е дел од низата активности што трговскиот центар им ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства. Во комбинација со уникатниот концепт што го има молот и понудата на врвни шопинг и гастрономски искуства, овие содржини го прават Дајмонд мол едно од омилените дестинации за уживање во различни прилики, особено со семејството и со пријатели, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот филм „Мими“ од 13 октомври со кино проекции низ Македонија

Редакција

„Сетстат“ во проширен состав – оркестар ќе настапат вечерва на „Крај Вардарот Џез“

Редакција

(ВИДЕО+ФОТО) Мадона наполни 63 години, роденденот го прослави во Италија со момчето и децата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница