еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Вечерва на Зимска приказна групите „Баркод“, „Љубојна“ и „Калабалак“, утревечер „Ноќ на нови почетоци“

Програмата на „Зимска приказна“, денес продолжува со дневна програма во Старата битолска чаршија и кај Офицерскиот дом.

За вечерната програма резервирано е Платото пред Офицерскиот дом, каде од 19 до 20:30 часот ќе настапат „Баркод“ и Николче Зацески, а од 20:30 до 22:30 часот публиката ќе се забавува со „Ljubojna Brass Fantasy 2“ на нашата позната македонска музичка група „Љубојна“.

Во 22:30 часот, музичкиот дел ќе продолжи со забава со групата „Калабалак“.

Утре, покрај дневната програма која ќе трае до 15:30 часот, вечерната програма за Дочек на Новата 2025, започнува на Платото пред Офицерскиот дом во 20:00 часот со настап на Борче Наумовски – Министерот, по што ќе следува рок бендот „Б-52“.

Од 22:00 часот започнува настанот наречен „Ноќ на нови почетоци“ со кој Битола, ќе ја заокружи 2024 и ќе ја започне 2025 година.

Дел од овој настан се музичката група „Фонтана“, Дувачкиот оркестар „Блезери“ и изведувачите Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска и Димитар Андоновски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Штип му се поклони на Шопов со промоција на „Од онаа страна на Небиднината“

Редакција

Тетовчанец со нож шест пати ја прободел партнерката

Редакција

Скопски моторџија тешко повреден во судар со автомобил

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница