Водителите на утринска емисија на австралиската телевизија „7News“, благодарение на српскиот инфлуенсер Милош Недељков, познат како Balkandad, пробаа македонска ракија.
Тие пробаа ракија на празен стомак, пред да дегустираат типичен балкански појадок.
„Ова е вистинска ракија. Ако ја испиете пред да јадете, таа веднаш ги уништува бактериите во телото,“ им рече Недељков.
Реакцијата на водителката е урнебесна.
„О, Боже, ова е навистина силно! Горчливо е, а истовремено ти го загрева целото тело! Како луѓето воопшто пијат вакво нешто наутро?“, рече таа.
Видео/фото: Фејсбук/7News/ Balkandad