еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Бојкот во Хрватска успешен, драматично намален прометот вчера

Иако имаше сомнежи, но сепак вчерашниот бојкот на продавници, маркети и бензински пумпи во Хрватска, поради високите цени, кои периодов постојано растеа, е успешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Хрватска денеска бојкот на продавници, маркети и бензински пумпи поради постојаното зголемување на цените

Тоа го покажуваат и податоците на Хрватската даночна управа, која информираше дека бројот на издадени сметки во трговијата на мало вчера до 16 часот бил за 43% помал од минатиот петок, а вкупниот износ на сметките бил помал за 50%.

Бојкот ги испразни продавниците и маркетите за што сведочат бројните видеа на социјалните мрежи и информациите на хрватските медиуми.

Истиот го организираше Фејсбук-групата „Здраво, инспекторе“, зад која стои Европскиот центар за извонредност на потрошувачите, а доби подршка од здруженија на потрошувачи, синдикати, политички партии…

За успешноста на бојкот стигна изјава и од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој на владина седница рече дека бојкотот на продавниците поради високите цени е „важна и артикулирана порака од граѓаните што ќе се земе предвид“.

Тој најави нова ажурирана листа на производи чии цени ќе бидат ограничени следната недела.

Фото: Унсплеш/видео: Ало инспекторе/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имотот на Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол„ кој доби домашен притвор, под лупа на Обвинителството, што пријавил татко му?

Редакција

Ќе им помогнеме на Грците или ќе се ситиме

Петков: Премиерот не носи сам одлуки, ако има договор со Скопје прво МНР ќе ја извести Владата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница