еМагазин
Техно ТОП СТОРИИ

(Видео) Во Охрид направен првиот робот – хуманоид во регионот, ќе биде прв што ќе биде ставен во оператива

Во Охрид е направен првиот робот – хуманоид во регионот, кој ќе биде прв што во Македонија ќе биде ставен во оператива, пренесува локалната телевизија ТВМ.

Наликува на човек и ги инкорпорира сите функции на груба и фина роботика и лесно може да учи од однесувањето на човекот и да се надградува и усовршува во професионален контекст.

Може да најде примена во хотелско угостителскиот сектор.

„Сигурно ќе најде примена во многу области, прво е туризмот и угостителството знаеме дека човештвото надмина 8 милјарди луѓе светска популација и туризмот е една од гранките во експоненцијален раст со тоа што тргнувајќи од дома па и во другите држави се соочуваме со недостиг на кадар така што работите се конципирани да го заменат човекот во тие физички и репетитивни активности да можат евентуално да ни остават повеќе слободно време за себе си“, вели професорот Анис Сефиданис од УИНТ Св Апостол Павле Охрид.

Фото: ТВМ/видео: Сефиданис/Фејсбук/ТВМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 15 само 7. кандидати во трка за претседател на Македонија

Редакција

Каков имот пријавил Игор Филков, министерот за правда

Редакција

Георгиевски предаде дел од оградата на српското Собрание која беше сочувана во вилата Биљана во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница