еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Денеска во Белград се е можно: Во Србија се очекува историски масовен протест

Во главниот град на Србија, Белград, денеска на повик на студентите, кои протестираат од ноември лани поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, се очекува да се одржи еден од најмасовните протести во историјата на земјата.

Според најавите истиот треба да започне во 13 часот, а синоќа студенити од целата земја пристигнаа во градот, а некои и пеш. Беа пречекани со аплаузи и солзи.

Српските власти пак предупредуваат на немири и излегување на работите од контрола, на што предупредија и странски амбасади.

Зградата на српскиот Парламент е затворена од вчера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската амбасада во Белград со безбедносно предупредување до своите граѓани за утрешниот протест во Белград

Студентските протести, кои добија широка подршка од целиот регион, досега беа мирни, со изолирани инциденти.

Во несреќата во Нови Сад загина и македонскиот научник Васко Саздовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Саздовски кој загина во Нови Сад, како врвен научник работел и на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

(Видео) Студентите во Србија со римејк на сцена од филмот „Кој тоа таму пее“ повикаа на протест во Белград

Фото/видео: CRTA/Х

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битолчанец избегал од регионалниот ковид-центар, а потоа починал од Ковид-19

Редакција

„На премиерот му треба советник за советници“: Твитер реакции за тоа кој го советува Заев

Редакција

Фон дер Лајен во среда во Скопје: Неизвесна помошта од ЕУ, Македонија да добие струја од Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница