еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Видео) Ловец паднал во провалија и скршил нога, со хеликоптер бил транспортиран до Клиника

Утрово ловец паднал во провалија на многу непристапен терен и се здобил со скршеница на ногата, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„На помош дошле другите колеги ловци, но повредата била опасна, а теренот непристапен. Се јавиле на 112 во ЦУК – и Системот за управување со кризи за спасување бил покренат. Медицинската екипа за 20-ина минути стигнала на местото, но големиот висок планинки дол бил прооден само за искусни планинари и ловци. Имале околу 200 метри до повредениот ловец со скршеница, а не можеле да стигнат до него.

Телефонски, медицинскиот тим од Итната медицинска помош дава совети, а ловците ги спроведуваа. Го грееле за да не добие хипотермија повредениот, со запалени огнови, ја имобилизирале повредената нога, а потоа го извлекле до попристапно место.

Паралелно, дежурните од 112 во ЦУК, побараа хеликоптер на што од МВР, веднаш одговори. Во паралелна комуникација меѓу ЦУК, МВР и Итната медицинска помош ловците, по извлекувањето на повредениот на попристапно место, почнале да ги сечат високите гранки и грмушки за да може поблизу да пристпи хеликоптерот.

Ловечките „фосфорно“ портокалови елеци ги употребиле како маркери за побрзо лоцирање од страна на пилотите кои пристапиле од воздух. Сите координирано ги извршиле постапките за што побрзо, а за оптимално спасување и транспортирање на повредениот до болница,“ се вели во соопштението.

Видео: ЦУК/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Колкава моќ имаат ракетите АТАКМС, за кои САД дозволи Украина да ги користи на територијата на Русија

Редакција

(ВИДЕО) Ковачевски ја презеде премиерската функција од Заев

Редакција

(Видео) Мадона објави дует со Сем Смит, “Vulgar”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница