еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Луксузни возила “пловат“ во Дубаи: Силен дожд поплави трговски центри и населби и урна патишта

Пустинската земја Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во неделата и понеделникот ја погоди незапаметен силен дожд, кој го пализираше и светскиот финансиски центар Дубаи.

По улиците на градот „пловат“ луксузни возила, поплавени се трговски центри и населби, а дождот урна и патишта и пренасочи бројни летови од аеродромот.

Некои области од земјата забележаа повеќе од 80 мм дожд за 24 часа, приближувајќи се до годишниот просек од околу 100 мм.

Училиштата во ОАЕ се затворени неколку дена и тие ќе останат затворени поради најава за ново невреме.

Невремето ги зафати и Бахреин, Катар и Оман, каде загинаа најмалку 18 лица.

Видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Без маска, шал или марама веќе нема влез во банка

Редакција

735 милиони лица во светот гладуваат

Редакција

Синот на Џафери положил правосуден пред да дипломира, велат од Антикорупциска, ама Министерството за правда не ја чува документацијата за да тоа се докаже

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница