еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонци во Солун им одадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани

Денеска Македонци кои живеат и учат во Солун, Грција, со 60 минутен молк им одадоа почит на загинатите во пожарот во Кочани.

Тие се собраа на плоштадот Аристотелис во Солун, а за настанот освен локалните интерес покажаа и националните грчки медиуми.

Како што јавува дописникот на еМагазин од Грција, изминатиов период несреќата во Кочани беше топ тема во грчките медиуми, но и на социјалните мрежи, а по трагедијата и грчките власти најавуваат проверки на угостителските објекти.

Бројни грчки медиуми, меѓу кои и најгледаните национални телевизии имаа свои репортери од Кочани.

Почит за загинатите периодов на различни начини се одаваше и во Бугарија, Србија, Австралија…

Фото/видео: thestival.gr

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата бара од сите функционери во своите биографии наместо Македонија да напишат Северна Македонија

Редакција

Доктор Пановски: Очекувам пандемијата да заврши годинава, пред се благодарение на омикрон варијантата кој многу брзо ќе ја опфати целата планета

Редакција

Раст на БДП во Еврозоната во вториот кавртал од 2023, јулската инфлација 5,3%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница