еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Мајстор од БиХ стана хит на Интернет: Откако не му платиле, искрши се што направил

Мајсторот Мухамед Кајтезовиќ од Босна и Херцеговина стана хит на Интернет, откако на клиент во Печиград кај Велика Кладуша му искрши се што направил, бидејќи не сакал да му плати.

Кајтезовиќ како што вели во видето кое го снимил сам е татко на три деца, а освен за својата заработка мора да обезбеди пари и за работниците кои ги ангажирал.

Како што пренесоа босанските медиуми тој по инцидентот завршил во полиција и ќе треба да плати парична казна или да оди во затвор од три до шест месеци.

И покрај тоа што правдата не треба да се зема во сопствени раце, јавноста застана на страна на мајсторот, а по социјалните мрежи има повици и да се соберат пари за неговата казна.

Фото/видео: Кајтезовиќ/Црна хроника

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девојката која загина во скопски Карпош била од Радовиш, ја прегазил 22-годишно момче од Скопје

Редакција

Петиција за доживотен затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина, досега ја потпишале над 21. илјада граѓани

Редакција

Проф.Трајковски: За две недели, стелт омикронот ќе има 100% удел во новите случаи со Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница