еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Млад брачен пар загина во сообраќајка, таткото на момчето почина од шок: Трагедија во Грција

Млад брачен пар на возраст од 32 и 31 година од Волос, Грција, загина во сообраќајка откако се судриле со возило пикап, управувано од 82-годишник, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Починатите биле на мотор, а 82-годишник беше приведен, па пуштен со кауција. Во полицијата рекол дека не знаел како се случила несреќата.

Откако таткото на момчето дознал за несреќата починал од мозочен удар, а го нашла сестрата на момчето, која претходно го идентификувала телото на нејзиниот брат.

Трагедијата е топ тема во грчките медиуми.

Загинатите имале две деца.

Видео: Мега ТВ/Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков: Ми се допаѓа францускиот предлог, останувам на ветеното одлуката за Македонија да ја донесе бугарското Собрание

Редакција

За да не биде зависна од Русија, Европа ќе потпише договор за набавка на гас од САД

Редакција

Од Ковид-19 починале 24 лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница